8.1. Писма до Конески од други
Извор: Локален извор
Пронајдено во 369 Фондови и архивски единици:
[Писмо од Југословенската академија], 18.6.1962
Писмо до Конески од Југословенската академија на науките и уметностите во кое се известува дека е избран за дописен член.
[Писмо од К. Миљовски], 21.6.1979
Писмо во врска со преводот на руски јазик за периодот 1918–1941 од еднотомната „Историја на македонскиот народ“.
[Писмо од Коле Симитчиев], 26.10.1977
Писмото е од Коле Симитчиев од Институтот за словенска филологија во Вроцлав во врска со идеја за докторат посветен на Конески.
[Писмо од Комисијата за лингвистички испитувања при АНУБиХ], 22.1.1986
Писмо од Комисијата за лингвистички испитувања при Академијата за наука и уметности на Босна и Херцеговина со известување за одржување и покана на Третата југословенска конференција за лексикографија и лексикологија „Leksikografija i leksikološki problemi na tlu Jugoslavije do početka 19. vijeka“; теми за конференцијата.
[Писмо од Крум Томовски до Блаже Конески], 14.11.1984
АЕ содржи писмо од Крум Томовски до Блаже Конески со известување за подготовка на Извештај за работата на МАНУ во 1984.
[Писмо од Крум Тошев], 6.2.1968
Писмо со покана до Конески за советување во врска со книгата „Македонски правопис со правописен речник“.