8.1. Писма до Конески од други
Извор: Локален извор
Пронајдено во 369 Фондови и архивски единици:
Делото на Крсте П. Мисирков, 22.8.1988
Писмо до Конески од Комисијата за издавање на монографија на О. У. „Крсте Мисирков“ од Куманово кое по повод 40 години постоење и работа го позајмува текстот на Конески за Крсте Мисирков објавен во весникот „Нова Македонија“ од 27.12.1963. Скратениот текст му е испратен на Конески за одобрување.
[Диплома за избор на Блаже Конески за член на Полската академија на уметности], 12.3.1991
Диплома за избор на Конески во надворешен член на Полската академија на уметности на Собранието одржано на 9.3.1991 г.; АЕ содржи писмо од Полската академија до Конески и говор на Амбасадорот на Полската Република во чест на Конески.
[Диплома на Блаже Конески за избор во дописен член на Црногорската академија на науки и уметности], 21.10.1983
АЕ содржи писмо до Конески за испратената диплома и други материјали од Црногорската академија на науки и уметност.
[Документација и преписка околу иницијативата на проф. Реџиналд Де Бреј за проект „Нов македонско-англиски речник“], 1993
АЕ содржи 3 писма поврзани со апликацијата за „Нов македонско-англиски речник“, 3 л., 4 стр.; апликација за грант за Речникот, 8 л.
[Документи за симпозиумот „Кирилометодиевскиот (старословенскиот) период и кирило-методиевската традиција во Македонија“ и други документи], 1984
АЕ содржи: список на пријавени учесници на симпозиумот, дневен ред за состанок на организацискиот одбор од 20 декември 1984 и известување за Програмата на симпозиумот „Tisuču i sto godina od smrti Metodijeve. Ćirilometodisko kulturno-književno nasleđe u Hrvata“.
[Допис], 20.9.1976
Дописот е во врска со седницата на Централната редакција за Енциклопедија на Југославија.
[Допис од В. Дуганова и писмо], 15.1.1988
АЕ упатува на БК 816.
Извештај о досадашњем раду на припреми југословенског дела Антологије лирике словенских народа, 27.10.1977
л. 1 писмо до Конески од Милош Милошоски од 6.12.1977 г. со кое го известува дека му испраќа копија од Извештајот на Одделението за јазик и книжевност на Српската академија на науките и уметностите за работата врз југословенскиот дел од Антологијата на лириката на словенските народи; л. 2–23: писма, извештаи и записници поврзани со изработката на југословенскиот дел од Антологијата на лириката на словенските народи.
[Интервју на Б. Конески во сирискиот весник Tишрин], 13.6.1988
[Картичка од Валентин Кипарски], 29.5.1974
Картичка со благодарност за испратеното издание на МАНУ „Добромирово евангелие – кирилски споменик од XII век“ приредено од Моше Алтбауер во 1973 г.