8.1. Писма до Конески од други
Извор: Локален извор
Пронајдено во 369 Фондови и архивски единици:
[Писмо од Ана Пенингтон и копија од World Literature Today], 1981
АЕ содржи едно писмо од Ана Пенингтон (според белешка во АЕ писмото е испратено 15 дена пред нејзината смрт) и копија од текст на Biljana Šljivić-Šimšić, University of Ilinois, Chicago Circle – World Literature Today from the winter 1981, pp. 140–141: Blazhe Koneski. Poems. Andrew Harvey, Anne Pennington, trs. London. Deutsch. 1979. 48 pages.
[Писмо од Андреј Лисенко; две статии од весник], 29.3.1974; 15.3.1974; 14.3.1974
Покрај писмото од Лисенко, АЕ содржи една статија за Конески од Јуриј Чикирисов објавена во весникот „Литературна Україна“ на 15.3.1974 на стр. 2 и една статија од Леонид Коваленко за Лисенко, во која има упатување на македонската книжевност, објавена во весникот „Друг читача“ од 14.3.1974.
[Писмо од Анто Бабиќ]
АЕ содржи недатирано писмо од Бабиќ за испратени сепарати до Конески.
[Писмо од Бернштејн], 1.11.1984
Писмо до Конески од Бернштејн во врска со симпозиумот посветен на Св. Кирил и Методиј во организација на МАНУ. Бернштејн го пријавува рефератот на тема „Коментарий к XIII главе Жития Мефодия“. Во писмото се споменуваат и лични теми, како и посетата на Владимир Алексеевич Мошин во Москва и во Ленинград.
[Писмо од Благоја Ристески], 16.7.1982
Писмо од Благоја Ристески до Блаже Конески во име на редакцијата на списанието „Стремеж“ од Прилеп со понуда за прилог од Конески.
[Писмо од Боро Пенов], 12.11.1979
Писмо од Боро Пенов, секретар на Претседавателството на Централниот комитет на СКМ.
[Писмо од Босиљка Шмаус], 12.8.1970
Благодарност за изјава на сочуство.