8.1. Писма до Конески од други
Извор: Локален извор
Пронајдено во 369 Фондови и архивски единици:
[Писмо и други материјали], 26.9.1980
АЕ содржи писмо за изборот на Конески за член во Рецензентска комисија и пријава на м-р Мито Миовски.
[Писмо и извадоци од весник], 21.9.1979
Извадоците се однесуваат на текст на Душан Горенчевски во потесен избор за наградата „Др. Бранко Гавела“.
[Писмо и интервју со Конески], 25.1.1979
АЕ содржи интервју на Милош Јевтиќ со Блаже Конески насловено „Blaže Koneski – gost drugog programa Radio Beograda“; АЕ упатува на БК 1061.
[Писмо и исечок од весник], 16.4.1981
АЕ содржи писмо од Иван Доровски до Блаже Конески, кој му го честита „Златниот венец“ на Струшките вечери и му испраќа прилог – исечок од чехословачкиот весник „Лидова демокрацие“ од 16.4.1981, каде што на стр. 5 се наоѓа информација за „Златниот венец“, како и препев на песна од Јозо Т. Бошковски.
[Писмо и исечок од весник], 17.10.1977
Писмото содржи статија од Иван Дороски за Граматиката на Конески и за неговите преводи од чешки со наслов „Překlady do makedonštiny", објавена во весникот „Lidová demokracie“, 13.10.1977, стр. 5.
[Писмо и картичка од Витолд Дорошевски], 27.7.1963; 23.12.1968
Писмото се однесува на земјотресот во Скопје.
[Писмо и каталог], 24.10.1986
АЕ содржи каталог од издавачката куќа „Милић Ракић“ од Ваљево, со листа на книги од едицијата „Песниковом руком писано“, во која е објавено издание од Конески; во каталогот има слика на Конески (стр. 11) и податоци за изданието (стр. 7); АЕ упатува на БК 720, БК 807 и БК 1010.
[Писмо и материјали за МКС], 12.9.1990
АЕ содржи повик за XIV работно заседание на Меѓународната комисија за словенски литературни јазици при МКС.
[Писмо и материјали од Вјекослава Уремовиќ], 22.11.1981
АЕ содржи: писмо во ракопис од Вјекослава Уремовиќ; копија со пријава за докторска дисертација; стихозбирка на Здружението „Radnik pjesnik u tudjini“ од ноември 1981 г.