7.2. Препеви од Конески на други автори или на свои дела
Извор: Локален извор
Пронајдено во 19 Фондови и архивски единици:
Da se načini portre jedne ptice
АЕ содржи препев на песната на Жак Превер „Pour faire le portrait d'un oiseau“ на српскохрватски (машинопис) и препев на македонски на првите 13 стиха (ракопис).
Pred godišnjicu očeve smrti
Препев од Конески на песната „Пред годишнината на татковата смрт“ на српскохрватски јазик.
Slovo Gorčina [списание], 1985
Во списанието на стр. 24 и стр. 25 е објавен препев на песната „Везилка“ ("Vezilja"), како и фотографија од ракописот од песната „Брачна песна“ на Конески.
Zaumnyj jazyk [резиме на статија]; Сараево [песна од Чеслав Милош]
Првиот документ е резиме на текстот „Заумниот јазик“, објавен во Спектар X, бр. 20 (1992): 5–9; АЕ содржи и препев од полски на македонски јазик на песната „Сараево“ од Чеслав Милош; АЕ е во кошулка на која во ракопис е наведено „Акад. Конески, Необјавени песни“.
Бранач од Сталинград [Алексеј Сурков]; На Матија Чоп [Франце Прешерн]; Оловното војниче на мојот син [Булат Окуџава]; Тито [Владимир Назор], 1944
Под песната „Бранач од Сталинград“ е наведено „Препис на рака во тетратка од некој партизански лист умножен на шапирограф, од есента 1944 г. – Преписот е од Гане Тодоровски“; датум под песната „Тито“ 1944 г.
Молитва, Пољубац [песни], 6.4.1987
АЕ ги содржи песните „Молитва“ и „Пољубац“ во ракопис и во машинопис.
Немам повеќе време, 29.3.1988
АЕ содржи препев на Блаже Конески на песната „Немам повеќе време“ од Десанка Максимовиќ.
Немоћ; Антоније и Клеопатра; Нада; Домовина; Оброк; Урна; Небо [песни]
Препев на песните „Немоћ“ и „Нада“ од Блаже Конески; две копии на „Антоније и Клеопатра“.
[Нотес], [16.6.1938]; [29.6.1938]
„Од циклусо 'Гиупска музика'“, „Марија Деле Грацие“ л. 1, „Песна“ „Ш. Петефи“ л. 1, „Сиротна песна“ л. 1–2, „Сиротна песна“, „Димо Дебељанов“ л. 3, „Циганска музика“, „Марија Деле Грацие“ л. 4, „Песна“ „А. Петефи“ л. 4, записи од шаховски партии и турнир л. 7–12. Објавени факсимили од некои од песните во: Блаже Конески. 2013. Препеви, Том III, Целокупни дела на Блаже Конески, Критичко издание во редакција на Милан Ѓурчинов, Скопје: МАНУ (стр. 333–338).
[Нотес] Дојранска елегија, 22.7.1991; 23.7.1991
„Дојранска елегија“, л. 1–10; „Бојното поле кај Хестингс“ л. 11–18. АЕ е придружена од архивска белешка на која стои дека материјалот е копија од нотес подарен од Блаже Конески на Народната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во 1991 г. Во копијата има и препев од „Бојното поле кај Хестингс“ од Хајне.