[Фотоалбум]
Забелешки
10. Фотоалбум подарен на Б. Конески со посвета од редакцијата на „Студенстки збор“ по повод 15 години излегување на весникот од 1949 до 1964 год. / 11.12.1964 год., Скопје / 12 х 18 см, ц.-б. фото. На фотографиите: 1: Б. Конески, 3 х 13 см; 2: Домот на ЈНА со Камен мост пред земјотресот; 3: Панорама на Скопје; 4: д-р Иван Рибар во посета на редакцијата; 5: д-р Иван Рибар го прима комплетот „Студентски збор“ од главниот и одговорен уредник на весникот; 6: Михајло Апостолски меѓу членовите на редакцијата; 7: Оштетената зграда на Ректоратот по земјотресот; 8: Просториите каде што била сместена редакцијата со скршени прозорци од земјотресот; 9: Оштетената зграда на студенскиот дом „Стив Наумов“ по земјотресот; 10: Едвард Кардељ, претседател на Сојузното собрание, во разговор со Крсте Црвенковски, секретар на ЦК на СКМ и Ректорот проф. Кирил Миљовски, при посетата на Универзитетот во Скопје по катастрофалниот земјотрес од 26 јули 1963 год.; 11: Ректорот проф. Кирил Миљовски зборува при формирањето на студентските бригади за обнова и изградба на универзитетот; 12: Ударна група на студенти-бригадири; 13: Студентите-бригадири монтираат барака, подарок од Владата на САД; 14: [Недостасува една фотографија – детаљ од шаторската населба на универзитетот]; 15: Радост и веселба на студентите-бригадири за постигнатите работни успеси; 16: Барака од студентската населба „Стив Наумов“; 17: Вселување во новоизградените бараки на студентскиот дом „Стив Наумов“; 18: Пред Деканатот на Земјоделско-шумарскиот факултет; 19: Зградата на Педагошка академија; 20: Студентскиот дом „К. Ј. Питу“ за време на санацијата по земјотресот; 21: Блаже Конески држи говор; 22: Табло на студентите апсолвенти и наставниот кадар на Филозофскиот факултет, група Југословенска книжевност, генерација 1965–1969 / 23 х 30 см.
Датуми
- Создавање: 1817 - 2006
Целосен обем
Од фондот: 1752 листови (1752 архивски единици)
Јазик на материјалот
Од фондот: македонски
Физички опис
фотоалбум (в. заблешка)
Класификација
10. Фотографии
Збирка
Податоци за архивот
Дел од Виртуелен музеј Конески Архив