Скокни до главната содржина

[Фотоалбум со 40 фотографии], 1981

 Архивска единица
Сигнатура: БК 759

Забелешки

Фотоалбум со 40 фотографии од Струшки вечери на поезијата одржани во 1981 год. кога Блаже Конески ја добива главната награда „Златен венец“. Во албумот има и пропратно писмо од Јован Стрезовски до Блаже Конески / 1981 г., Струга / 9 х 14 см., ц.-б. фото.; Во албумот, неповрзано со Струшки вечери на поезијата, се наоѓа машинопис на текст од Блаже Конески со наслов „Поздрав до читателите на Утре“, турски весник, како најава за текстовите кои треба да бидат објавени во следните броеви; 1: Конески со букет цвеќе на бината; 2: Конески со наградата „Златен венец“; 3–4: Конески на прес-конференција; 5: Обраќање на Конески на публиката во црквата „Св. Софија“ во Охрид; 6: Конески во првиот ред до (десно од него) Јован Котески, Лазар Мојсов и Михајло Апостолски; 7: Обраќање на Б. Конески (или читање поезија); 8: Б. Конески во првиот ред (прв од лево) до Јован Котески, Лазар Мојсов, Михајло Апостолски и др. на доделувањето на наградата „Златен венец“; 9–10: Б. Конески на доделувањето на наградата; 11: Обраќање на Б. Конески (или читање поезија); 12: Борис Вишински го покажуваа „Златниот венец“ кон присутните; 13: Б. Конески и Матеја Матевски; 14–15: Јован Котески му го врачува „Златниот венец“ на Б. Конески; 16: Б. Конески прима честитки од Борис Вишински, Јован Котески и Лазар Мојсов; 17–18: Б. Конески потпишува книги; 19–22: Б. Конески прима честитки и потпишува книги; 23: Б. Конески со Јован Котески на прес-конференцијата; 24–26: Б. Конески со луѓе по доделувањето на наградата; 29: Б. Конески во разговор на конференција за новинари по доделувањето на наградата; 30: Б. Конески меѓу луѓе, со Лазар Мојсов, по доделувањето на наградата; 31: Б. Конески со луѓе; 32: Доделување на наградата; 33: Обраќање на Б. Конески во „Св. Софија“ во Охрид; 32: Б. Конески во првиот ред седнат до Јован Котески, Лазар Мојсов и др.; 33: Б. Конески го прима „Златниот венец“ од Јован Котески; 34: Б. Конески со Матеја Матевски и др. луѓе; 35: Б. Конески добива букет цвеќе од девојка во носија; 36: Групна фотографија на Б. Конески со луѓе; 37: Групна фотографија на Б. Конески со луѓе; 38: Б. Конески го прима „Златниот венец“ од Јован Котески; 39: Б. Конески со луѓе, наздравува; 40: Б. Конески во разговор.

Датуми

  • Создавање: 1981

Јазик на документ и писмо

македонски

Целосен обем

Од фондот: 1752 листови (1752 архивски единици)

Физички опис

фотоалбум, 40 фотографии, 9 х 14 см, ц.-б.

Автор

Јован Стрезовски; Блаже Конески

Адресат (примач)

Блаже Конески

Место

Струга

Класификација

8.1. Писма до Конески од други; 10. Фотографии; 12. Говори и други текстови

Податоци за архивот

Дел од Виртуелен музеј Конески Архив

Контакт: