[12 фотографии]
Забелешки
АЕ содржи 12 фотографии од патувањето на Блаже Конески во Америка. Фотографиите се извадени во јуни 1961 год. [патувањето е реализирано најверојатно порано] / 6 х 9 см, колор фото. (печат на оригинален Кодаколор принт со датум); 1–2: Б. Конески во домот на некое семејство, со семејството на трпезариска маса; 3–4: Б. Конески со луѓе за време на церемонија на служење чај во Јапонската чајна градина во паркот Голден Гејт во Сан Франциско; 5: Б. Конески со луѓе пред статуата на Буда во Голден Гејт во Сан Франциско; 6: Б. Конески пред Јапонската чајна градина во паркот Голден Гејт во Сан Франциско со уште еден маж; 7: Б. Конески со истиот човек од претходната фотографија пред Калифорниската палата на легијата на честа (музеј) во Сан Франциско; 8: Сатер кулата на кампусот на Универзитетот во Калифорнија – Беркли (без Конески); 9: Б. Конески пред сончевиот часовник на опсерваторијата „Грифит“ во Калифорнија; 10: На плажа, пред океанот, Калифорнија; 11: Палуба на брод (без Конески); 12: Б. Конески пред куќата на Пол Ревир во Бостон.
Датуми
- Создавање: 1817 - 2006
Целосен обем
Од фондот: 1752 листови (1752 архивски единици)
Јазик на материјалот
Од фондот: македонски
Физички опис
12 фотографии, 6 х 9 см, колор
Класификација
10. Фотографии
Збирка
Податоци за архивот
Дел од Виртуелен музеј Конески Архив