Скокни до главната содржина

[Фотографии од различни настани и периоди]

 Архивска единица
Сигнатура: БК 38

Забелешки

Опис на архивската единица на посебна белешка во ракопис. БК 38/1 Блаже Конески со Меша Селимовиќ и Роксанда Његуш на Конгресот на Сојузот на писатели на СФРЈ во Титоград, 1964 год. (?); БК 38/2 Блаже Конески, Константин Федин, Александар Корнејчук на прославата на Шевченко во Киев, 1964 г.; БК 38/3 Проф. Тадеуш Лер-Сплавињски, со сопругата и Блаже Конески, Нерези, Скопје. (1950 – 55 - Макед. јаз. – библио...[нејасно] негова статија); БК 38/4 Блаже Конески со Јован Бошковски во Манастир Морача, при враќањето од Цетиње како членови за доделување на Његошевата награда на Крлежа, 1966 г.(?); БК 38/5 Блаже Конески со Миле Клопчич на прослава на 150 години од раѓањето на Тарас Шевченко во Киев, 1964 г.; БК 38/6 Цирил Злобец, Михаило Лалиќ, Мира Михелиќ, Јован Бошковски, Блаже Конески и Мило Краљ, жири, по доделувањето на Његошевата награда на Крлежа во Милочер, 1969 г. (?) [на фото 38/4 за истиот настан стои 1966 г.]; БК 38/7 Вјекослав Колеб, Исак Самоковлија, г-ѓа Бжежинска, Десанка Максимовиќ и Блаже Конески. / Дворец „Виланув“ кај Варшава, 1947 г.; БК 38/8 Блаже Конески, акад. Бохуслав Ховранек со сопругата. / Даут пашин амам (?), Скопје; БК 38/9 Никита Станеску, Блаже Конески, претседател на Собрание на Струга на прием во хотел Дрим, Струга, по ... [нејасно] доделување на наградата на 1982 г. – З. В.; БК 38/10 Група писатели во Домот на синдикатите [нејасно] во Белград при одржувањето на IV Конгрес на писателите. (од д. кон л.: Неџати Зекирија, Чедо Вуковиќ, Борис Бојаџиски, Алекса Микиќ, Бранко Капиќ, Мира Алечковиќ, Густав Крклец, Десанка Максимовиќ, Блаже Конески, Григор Витез; БК 38/11 Група писатели на Македонија – објавена во в. „За македонцките работи“ (голем формат). [фотографијата недостасува во архивската единица]; БК 38/12 Блаже Конески, Добри Симовски, Јанко Тодоровски, Тодор Анастасовски, Трајко Ников, Милан Петровски, Лазар Мојсов. / Крагуевац, 1938 г. Фотографијата БК 38/11 недостасува.

Датуми

  • Создавање: 1817 - 2006

Целосен обем

Од фондот: 1752 листови (1752 архивски единици)

Јазик на материјалот

Од фондот: македонски

Физички опис

11 ц.-б. фотографии, 12 х 18 см

Класификација

10. Фотографии

Податоци за архивот

Дел од Виртуелен музеј Конески Архив

Контакт: