Скокни до главната содржина

[Фотографии со Блаже Конески од различни настани, периоди и места]

 Архивска единица
Сигнатура: БК 1727

Забелешки

Фотографии од различни настани, места и периоди, од кои само неколку имаат опис на задната страна и/или се идентификувани: 1727/2 „На мојата мила другарка Нарунка [?], на тета Нада и чичо Блаже, Јагода. 5-XI-1954, Ск.“. Фотографија на пар со мало дете, без Конески; 1723/4 Конески (од грб) игра карти; 1723/5 Конески говори на бина на настан (1986); 1723/6 Со Зузана Топољинска и други луѓе; 1723/10–13 Конески говори на бина со сценографија од државни знамиња и пароли на некакво градилиште со Кирил Миљоски, Ѓорѓи Филиповски, Ангел Чемерски и уште една женска личност; 1727/14 Конески „со Александар Корнејчук и Константин Федин [во средина], Москва 1962 г.“; 1727/15 Конески на групна фотографија во „Крушево, 11 октомври 1964 год.“; 1727/17–18 Конески како дел од некоја работна група, комисија во сала во која доминира портрет слика на Његош; 1727/20–21 На Конески му се доделува некакво признание пред насобрана група гости; 1727/22 Конески со Оливера Јашар Настева на брод (најверојатно Охридско езеро); 1727/24–29 Интервју на Конески со новинарката Гордана Михајлова Бошнакоска за Радио Телевизија – Скопје, 1980 г. во МАНУ; 1727/35–39 Конески како дел од делегацијата на МАНУ со Ѓорѓи Филиповски и Харалампие Поленаковиќ во посета на Чехословачката академија на науки во Прага, 25–28 март 1969 г.; 1727/40 Зузана Топољинска меѓу публика на настан на кој сите гости носат црвен каранфил на реверот и црвена значка (без Конески); 1727/47–52 Заедно со 1727/17–18, дел од иста серија, Конески како дел од некоја работна група, комисија во сала во која доминира портрет слика на Његош; 1727/53–56 Конески говори од бина на настан; 1727/57–59 Конески со Кирил Миљоски и други луѓе во [старата зграда?] на МАНУ; 1727/60 Настан на кој Конески е во прв ред во публиката до Михајло Апостолски; 1727/61 Конески говори од говорница; 1727/62 Конески со цигара, насмеан, во неформална атмосфера седнат на маса со повеќе луѓе, меѓу кои е и Лазар Колишевски [прв од десно?]; 1727/63–65 Конески во публика на свечен настан кој се одржува во аулата на Филозофскиот факултет, а Васил Иљоски [?] се качува на платото.

Датуми

  • Создавање: 1817 - 2006

Целосен обем

Од фондот: 1752 листови (1752 архивски единици)

Јазик на материјалот

Од фондот: македонски

Физички опис

65 фотографии со различни димензии, 53 ц.-б. и 12 колор фотографии.

Класификација

10. Фотографии

Податоци за архивот

Дел од Виртуелен музеј Конески Архив

Контакт: