Скокни до главната содржина

[Фотографии со Блаже Конески од различни настани, периоди и места]

 Архивска единица
Сигнатура: БК 1726

Забелешки

Фотографии од различни настани, места и периоди, од кои само неколку имаат опис на задната страна и/или се идентификувани; 1726/4–7 Струшки вечери на поезијата; 1726/28 Конески „со Миле Клопчич на прославата на Тарас Шевченко, Киев 1964 г.“; 1726/35 Конески со Божидар Видоески, Харалампие Поленаковиќ и др. на свеченост; 1726/42 Групна фотографија снимена во Скопје 1945 г. на која се во прв ред од десно: Димитар Митрев, Васил Иљоски, Ѓорѓи Абаџиев, Крсто Белев – писател од Бугарија, Ацо Шопов, а во втор ред од десно: Симон Дракул, Блаже Конески, Коле Чашуле, Јован Бошковски, г-ѓа Белева, Јордан Леов и Александар Спасов; 1726/43 Конески „во Милочер 1966 г., со жири комисијата што му ја додели Његошевата награда на Мирослав Крлежа; 1726/44 Конески „во Св. Наум, 1956 г., со големиот полски славист Тадеуш Лер-Сплавињски“; 1726/47 Димитар Митрев со луѓе (без Конески) во ресторан на тераса крај езеро; 1726/55–59 Конески на „отварањето на третата самостојна изложба на уметнички накит на Соња Гиздавиќ“ во Галерија КО-РА, 25.12.1986; 1276/71 Конески (од грб) игра карти со двајца пријатели; 1726/72 „Крушево, 11.10.64“; 1726/73 Конески на групна фотографија пред Меморијален музеј Кузман Јосифоски Питу“; 1276/75 Конески со Јован Бошковски во Манастир Морача, 1966 г.; 1726/81 Конески на настан со Божидар Видоески во публика; 1726/87 Конески „со големиот чешки славист Бохуслав Хавранек, Скопје 1975“; 1726/92 Конески во Манастир Морача 1966 г. со непозната личност; 1726/93 Конески на групна фотографија „со членовите на Пр... [нејасно]“; 1726/95 Конески со Јован Бошкоски и непозната жена, 1966 г.; 1276/96–97 Конески на „Трескавец, август 1969“ со две различни личности; 1276/107 Конески „со членовите на Меѓународниот славистички комитет, Прага 1968 г.“; 1276/109 Групна фотографија на која до Конески стои Милан Ѓурчинов; 1276/110 Конески „со професорот Владимир Мошин на Климентовата прослава, Охрид 1966 г.; 1276/111 Конески „на Климентовата прослава со група слависти, Свети Наум 1966 г.“; 1276/116 Портрет на Конески во профил во градина како покажува кон цвеќиња; 1276/127 Конески „со Гордана Михајлова Бошнакоска при разговор за Радио Телевизија – Скопје, 1980“ во МАНУ; 1276/139–140 Конески на многу млада возраст со бабата и родителите.

Датуми

  • Создавање: 1817 - 2006

Целосен обем

Од фондот: 1752 листови (1752 архивски единици)

Јазик на материјалот

Од фондот: македонски

Физички опис

140 фотографии со различни димензии, 105 ц.-б. и 35 колор фотографии.

Класификација

10. Фотографии

Податоци за архивот

Дел од Виртуелен музеј Конески Архив

Контакт: