Скокни до главната содржина

[Фотографии со Блаже Конески од разни настани и различни периоди]

 Архивска единица
Сигнатура: БК 1725

Забелешки

Фотографии од различни настани, места и периоди, од кои само неколку имаат опис на задната страна и/или се идентификувани: 1725/3–5 Непознат портрет на Конески како се движи низ улиците на предземјотресно Скопје со беретка и мантил; 1725/13 Конески со Оливера Јашар Настева, Божидар Видоески и др. чита излагање; 1725/20 Конески на скалите на влезот во старата зграда на МАНУ, Шкаперда (25.10.1974); 1725/22 Конески со Харалампие Поленаковиќ и други луѓе; 1725/25 Димитар Митрев со луѓе (без Конески) во ресторан на тераса крај езеро; 1725/31 Со актерот Дарко Дамески и уште една личност во ресторан (21.XII.1978, Скопје); 1725/35 Конески во МАНУ со уште една личност (третата личност од 1725/31) и кожната чанта крај себе (22.XII.1978); 1725/65 Конески со Оливера Јашар Настева на брод; 1725/66 „Втор роденден на Јагода. На тетица Надица и на Маренце. Дете Тоде. 20-XI-1955.“ Конески не е присутен на фотографијата; 1725/67 Конески на фотографија од прославата на годишница од матурата (2.7.1979 г., Крагуевац) - „Кону за сећање на прославу наше матуре. [нејасен потпис].“; 1725/71–72 Во Институтот за македонски јазик, свеченост по повод 25 години од излегувањето на граматиката на Конески. Конески со Божидар Видоески, Харалампие Поленаковиќ и др.; 1725/74 Конески со Харалампие Поленаковиќ во публика на настан; 1725/78 Конески „на првите Рацинови средби во Т. Велес, со Васил Ѓоргов, Пенко Здравковски и Димче Левков“, преоѓаат мост со градот во позадина; 1725/79 Конески „на Конгресот на писателите на Југославија во Белград со група писатели“; 1725/80 Конески на прием како дел од делгацијата на МАНУ во посета на Чехословачката академија на науки во Прага (25–28 март 1969 г.); 1725/85 Со Петар Хр. Илиевски и уште една личност; 1725/87 Портрет на Конески крај знаменце со срп и чекан.

Датуми

  • Создавање: 1817 - 2006

Целосен обем

Од фондот: 1752 листови (1752 архивски единици)

Јазик на материјалот

Од фондот: македонски

Физички опис

87 фотографии, 71 ц.-б., 16 колор со различни димензии.

Класификација

10. Фотографии

Податоци за архивот

Дел од Виртуелен музеј Конески Архив

Контакт: