[Тетратка]
Забелешки
АЕ содржи записи на народни приказни и умотворби во кои се споменуваат животни и растенија, според кажувањата на осум информатори од Прилепско. На стр. 3 Конески ги наведува нивните имиња, потекло, возраст и податок дали се писмени. Меѓу информаторите се и бабата на Блаже Конески, Дунавка, татко му Ордан Конески и Волче Наумчески. Според возраста на Волче Наумчески (26 г.), може да се заклучи дека записите се пишувани околу 1942 г. Ова е поткрепено и со примерите на македонски јазик (прилепски говор), кои според графијата се од преткодификацискиот период. Од стр. 78 до стр. 81 е наведена содржината на тетратката, секој дел е посветен на еден вид животно или растение.
Датуми
- Создавање: 1817 - 2006
Јазик на документ и писмо
македонски; бугарски
Целосен обем
Од фондот: 1752 листови (1752 архивски единици)
Физички опис
87 л., 16 х 20 см, ракопис, црно мастило, задна корица на тетратка
Автор
Блаже Конески
Класификација
4.3. Белешки, ексцерпиран материјал и граѓа; 5. Нотеси, тетратки
Податоци за архивот
Дел од Виртуелен музеј Конески Архив