[Фотоалбум]
Забелешки
АЕ содржи албум – кутија со црно-бели фотографии, со димензии 15 х 22 см, поставени на паспарту со димензии 27 х 32 см, освен една. Фотографиите се од посета на југословенската делегација во СССР, во која е и Блаже Конески (присутен на седум фотографии). Фотографиите се најверојатно снимени во Москва и во Санкт Петербург во 1946 год., според единствениот опис на фотографија 2. Опис на фотографиите на кои се наоѓа Б. Конески: 1. Групна фотографија со Никита Хрушчов. Блаже Конески е прв од лево; 2. Блаже Конески (прв од десно, седи) во Сојузот на писателите на СССР, во Москва, 1946 год., со Фјодор Глатков и Николај [нејасно]; 3. Групата пред скулптурата на Александар Пушкин во Санкт Петербург (Конески е осми од десно); 4. Посета на саем (Конески е во средината); 5. Посета на саем (Конески е во средината); 6. Посета на музеј (Конески е трет од десно); 7. Групна фотографија пред голем објект (Конески е втор од лево).
Датуми
- Создавање: 1817 - 2006
Целосен обем
Од фондот: 1752 листови (1752 архивски единици)
Јазик на материјалот
Од фондот: македонски
Физички опис
фотоалбум, 30 фотографии, 15 х 22 см, ц.-б.
Класификација
10. Фотографии
Збирка
Податоци за архивот
Дел од Виртуелен музеј Конески Архив